//
Следи нѐ
To Top

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ФАНОВИТЕ: Во јули промоција на новата книга за Хари Потер

Речиси никој не веруваше дека волшебниот свет на Хари Потер, по седум книги, ќе заврши само така. За тоа сега добивме и официјална потврда дека сагата продолжува. 

Новата книга од серијалот ќе биде објавена во јули оваа година под насловот „Harry Potter and the Cursed Child“, а станува збор за литературна форма на сценарио за актуелната истоимена претстава.

реклама

– Читателите и гледачите последен пат го видоа Хари како се поздравува со децата на перонот 9 и три четвртини, 19 години по битката за Хогвортс, во епилогот „Harry Potter and the Deathly Hallows“, потсетува издавачот, магазинот „Потермор“.

Книгата ќе биде издадена на 31 јули, еден ден по светската премиера на претставата и роденденот на Хари.

Нема сомнеж дека фановите веќе ги одбројуваат деновите до новото појавување на славниот волшебник.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: