fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Околу 150 милиони картички денеска ќе си разменат вљубените ширум светот

Занимливости

Околу 150 милиони картички денеска ќе си разменат вљубените ширум светот

На Свети Валентин, вљубените од целиот свет ќе подарат и испратат по пошта околу 150 милиони картички во кои ќе ги изразат своите чувства, пренесува ТАСС.

Денот на вљубените е втор по популарност „празник на честитките“ после Божик.

Подароците за празникот варираат од традиционалната кутија бонбони, букет цвеќе и балони до компјутери, накит, па дури и мебел.

За денот на вљубените, Американците трошат за подароци во просек по 500 долари.

На плоштадот „Тајмс сквер” во центарот на Менхетен, архитекти од Њујорк и Бостон секоја година создаваат импресивни инсталации со симболи на љубовта. Оваа година таму можат да се видат 12 триметрски златни огледала во форма на срце.

За вљубените во Њујорк се организирани различни настани, вклучувајќи концерти и добротворни иницијативи.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.