Следи нѐ
To Top

„БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ЕЧЕШЕ: „Македонско девојче“ во изведба на Жељко Самарџиќ и Наум Петрески

Вчеравечер, во предвечерието на празникот на виното и љубовта, во преполната сала „Борис Трајковски“ се одржа голем концерт на миленикот на женската публика Жељко Самарџик.

Неверојатно, но бројката на посетители ги збуни и организаторите на концертот, затоа што се бараше место повеќе за стоење во преполната сала.

„Љубавник“, „Грлица“, „Зауставите јануар“ и уште многу други беа дел од репертоарот на пејачот кој успеа да направи одлична забава.

Фото: Популарно.мк / ТВ Пакет Фото: Популарно.мк / ТВ Пакет Фото: Популарно.мк / ТВ Пакет Фото: Популарно.мк / ТВ Пакет
<
>
Фото: Популарно.мк / ТВ Пакет

На бината со Жељко се појави и нашиот Наум Петрески кој во дует ги испеаа „Море сокол пие“ и „Македонско девојче“, а во кратката пауза Наум го испеа и големиот хит „Оди ѕвездо“.

Во продолжение слушнете ја „Македонско девојче“ во изведба на Жељко и Наум:

 

(забрането користење на видеото и фотографиите без дозвола од редакцијата)

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.