Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Со лименки Ред Бул ќе ја прошетаат Европа – да им помогнеме на Марко, Борис и Волхан

#CanYouMakeIt е глобален настан организиран од RedBull во кој 165 тима од повеќе од 50 земји ќе се натпреваруваат патувајќи низ Европа користејќи ја само RedBull лименката како валута.

Македонија ќе има само еден тим претставник на натпреварот и тој ќе биде избран од 14-те тимови пријавени. Еден од пријавените тимови се студентите од ФИНКИ, Волхан, Борис и Марко.

реклама

canyoumakeit

– „Од првиот момент кога дознав за настанот, знаев дека мора да учествуваме. Им се јавив на Марко и Борис и тие беа подеднакво ентузијастични како и јас. По неколку дена, се собравме да разговараме околу концептот на видеото и по само 20 минути имавме 3 сценарија, сите со различна приказна. Гледавме видеа од минатиот натпревар и голем дел од нив беа со иста тематика и никое не се истакнуваше многу од другите. Целта ни беше да го направиме видеото поразлично, да направиме видео кое ќе го привлече вниманието на луѓето и истовремено ќе ги насмее. Горд сум што можам да кажам дека успеавме во тоа.“ – вели Волхан.

За да ги поддржите овие млади момци во натпреварот на Ред Бул, кликнете тука.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.