Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кире Лазаров – заштитно лице на брендот „Signori“

МК Сцена

Кире Лазаров – заштитно лице на брендот „Signori“

Најдобриот македонски ракометар и воедно најголемата македонска спортска ѕвезда кај нас и во Европа, Кире Лазаров, е ново заштитно лице на брендот SIGNORI, првиот македонски бренд создаден за сите мажи кои посветуваат внимание на својот изглед.

Капитенот на Македонската Ракометна репрезентација ќе биде претставник на најдобрите рачно изработени одела кај нас, достапни за сите џентелмени, кои сакаат да остават силен впечаток.

“Ни претставува особена чест и задоволство што нашите уникатни одела ќе ги носи најголемата спортска и ракометна ѕвезда кај нас, а и во светот. Соработката со Кире Лазаров е остварување на нашите цели, а тоа е да ги направиме македонските мажи амбасадори на стилот низ целиот светот.” – изјавија Ненад Пантовиќ и Крис Поповски, сопствениците на Signori.
Според Кире Лазаров, задоволството е на двете страни.

kire lazarov 3

“Драго ми е што ќе имам прилика да соработувам со еден успешен македонски бренд кој покажува огромни амбиции и квалитет уште од своето постоење. Нашата соработка со сигурност можам да кажам дека ќе биде многу квалитетна и професионална зошто сметам дека во секој маж се крие совршен џентлмен, а Signori е бренд по кој мажите со стил се препознаваат.” – изјави Кире Лазаров.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.