//
Следи нѐ
To Top

ЗЛАТНА БУБАМАРА 2016: Погледнете кои добија награди! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Синоќа во Метрополис арената се одржа спектакуларното 19. издание на „Златната бубамара на популарноста“ под мотото „Да се собереме, пред да не соберат“.

Над 2.000 посетители уживаа во прекрасните настапи на Селимова-Желчески, Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Фрајле, Љубојна, Ван Гог, Џамбо Агушев, Влатко Стефановски, но и домаќините Атанас, Тино и неповторливиот Сашко Коцев.

реклама

Чистиот воздух, добрата политичка ситуација, уште подобрата љубовна, нашите корени, навики, секојдневни случувања беа инспирација на вчерашното 19-то издание.

12715386_1073955615988909_8761468853625083410_n 12063838_1073955722655565_3122781832628218843_n 12743515_1073956002655537_8693182403537957489_n 12734072_1073956205988850_8461816239246132440_n 12715607_1073956085988862_5551285585679256563_n 12742321_1074068352644302_7722543074454613231_n 12729113_1074068749310929_736103292147786796_n 12717837_1074068785977592_6943154161597121736_n 12744151_1074116805972790_7824064528504820672_n 12745873_1074117855972685_7924550271802193561_n 12715317_1074118185972652_1900481777615967823_n
<
>
ФОТО: Фејсбук / Радио Бубамара

Како и секогаш шоуто беше исполнето со многу шеги, интересни настапи и емотивни говори. Од дамите, кралица на вечерта несомнено беше Тамара Тодевска, која замина дома со наградите за најдобра пејачка, најдобар албум и концерт.

Игор Џамбазов подготви македонска верзија на хитот „My Way“ од Френк Синатра. Песната ја прилагоди на својата животна приказна, подемите и падовите и нештата кои ја одбележаа неговата кариера. Во тој миг, никој не можеше да остане рамнодушен на емоцијата, што владееше на сцената. Публиката на нозе ракоплескаше, додека видно возбудениот шоумен топло ги поздрави.

За оние кои немаа можност да присуствуваат во Метрополис арената, снимка ќе има в недела од 20 часот на Канал 5.

Ова се добитниците на наградите од 19. „Златна бубамара на популарноста“:

  • Најпопуларна ТВ серија 2015 5+ фамилија – ОХО продукција ТВ Телма
  • Телевизиско музички проект 2015 5 + фамилија – ОХО продукција ТВ Телма
  • Награда за животно дело Селимова Желчевски
  • Млад актер на годината 2015 Жарко Димоски Театар комедија
  • ТВ забавна емисија за 2015 Неделно попладне – Томато
  • Награда за Интернационален успех Браќа Тавитијан
  • ТВ Емисија на годината 2015 Визита – Канал 5
  • Општествено одговорна компанија Зегин
  • Група на годината 2015 ДНК
  • Подвиг на годината 2015 Араунд Гаиа – Ивана Чолаковска
  • Најпопуларна балканска вокална група Фрајле
  • Концерт на годината 2015 Тамара Тодевска
  • Пејачка на годината 2015 Тамара Тодевска
  • Албум на годината 2015 Тамара Тодевска
  • Трајни вредности Игор Џамбазов
  • ТВ Емисија на годината 2015 Зевзекманија – ТВ Канал 5
  • Спортист на годината 2015 Евгениј Поп Ацев
  • Актерка на годината 2015 Тања Кочовска
  • Актер на годината 2015 Петар Мирчевски
  • Театарска претстава на годината 2015 Мајсторот и Маргарита
  • Музички видео спот 2015 Љубојна Излего да се рашета
  • Етно група на годината Љубојна
  • Прва труба на Македонија Џамбо Агушев
  • Музички маестро на годината 2015 Исмаил Лумановски
  • Трајни музички вредности Ван Гог

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: