Следи нѐ
To Top

МЗТ Скопје Аеродром по осми пат го освои Купот на Македонија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром синоќа во Гевгелија го победија градски ривал Карпош Соколи со 68:62 во финалето на 24 издание од Купот на Македонија.

Аеродромци по осми пат во клупската историја го подигна трофејот наменет за најдобрата екипа во Националниот куп.

реклама

Победникот во неизвесното финале се решаваше во последните минути од мечот, кога искусните кошаркари на МЗТ Скопје одговорија на предизвикот ги искористија грешките на противникот и заслужено на крајот стигнаа до драгоцениот  пехар.

Во воведните пет минути од решавачката четврта делница цврстата одбрана беше главната одлика на двете екипи, во овој период кошаркарите на МЗТ Скопје и Карпош Соколи постигнаа само 11 поени. Кога беше најпотребно проработи и повредениот капитен на МЗТ, Дамјан Стојановски кој со сигурно положување  и успешна реализација на слободните фрлања  обезбеди победа вредна пехар.

12745888_994200123987539_6074648694683554286_n[1]

Најефикасни кошаркари беа Ѓорѓе Дреновац кај победникот со 16 и центарот на Карпош Соколи, Душан Кнежевиќ со 14 поени.

Токму Кнежевиќ  го доби признанието за најефикасен кошаркар на завршницата од Купот.

За најкорисен кошаркар на Купот на Македонија во Гевгелија беше прогласен играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Луковиќ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Кошарка

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.