Следи нѐ
To Top

Финален натпревар за развој на веб-платформи

ЕЕСТЕК ЛК Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска попладне во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет организира финален натпревар за затворање на меѓународната напредна работилница за развој на веб-платформи „Code App Level Up 3”. 

На еднонеделната работилница (29 февруари – 5 март) учесниците од Македонија имаа можност да соработуваат со студенти од цела Европа и да разменат знаење и идеи. Обуките ги држеа домашни и странски експерти. Денеска, на последниот ден од работилницата, ќе бидат презентирани изработените платформи.

реклама

– Целта на работилницата е да ги поттикне учесниците активно да продолжат со создавање висококвалитетни веб-апликации во понатамошниот професионален живот. Стекнатото знаење можат да го искористат за понатамошна надоградба на нивните програмерски и дизајнерски вештини, соопшти организаторот на настанот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.