Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Под мотото „Да живеат осумдесетите“ најавено 13-то издание на Моден викенд Скопје

Занимливости

Под мотото „Да живеат осумдесетите“ најавено 13-то издание на Моден викенд Скопје

Деновите од 1 до 4 април годинава се резервирани за тринаесеттиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржува под мотото „Да живеат осумдесеттите!“, кај стариот домаќин на настанот – салонот „Порше Македонија“.

Модното случување за сезоната пролет/лето 2016 година, ќе се одвива во духот на осумдесеттите години на минатиот век во кои започнаа револуционерните промени во модната индустрија. Ликот од визуелниот имиџ на новата сезона кој го потпишува графичкиот дизајнер Дејан Зафировски е всушност илустрираниот лик на Ирина Илиевска, една од најпознатите манекенки кај нас во осумдесеттите.

Визуелен имиџ на сезоната

„Осумдесеттите се годините кога облеката е инспирирана од односот меѓу модата и општеството. Декада кога на модата и се отвораат вратите во уметничките галерии, клубовите, театрите и период кога модата станува се „погласна и го зазема своето место“. Годините на силните бои, силните амбиции кај жените и мажите, Мадона, Вивиен Вествуд и Берлинскиот ѕид. Новите генерации се повеќе ја оживуваат естетиката на социјализмот во гардероберите, мебелот, омилените кафулиња, животниот стил, а Моден викенд Скопје стариот стил на осумдесеттите ќе го преоблече во нова сезона“, велат организаторите.

Генерален покровител на тринаесеттиот Моден викенд Скопје е „Пелистерка“, официјален мејкап партнер „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски, а официјален партнер за фризура „Lakme“.

Четиридневното случување и овојпат ќе го одбележат голем број на ревии од домашни дизајнери и дизајнери од регионот, модни изложби и добра забава.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.