Следи нѐ
To Top

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Кој на кого, ако не свој на своето?

Кога маж сака да ти каже дека толку многу те посакува што би скрнавел со тебе и да си му сестра, може да се наежиш од помислата колку е моќна страста, но и тешка како сиот подземен свет. Помислата дека во светот секое трето девојче и секое седмо момче се жртви на семејно сексуално насилство, здоболува до коска. Што би се случило со светот, ако се урнат сите табуа, ако се дозволат сите права на сексуална определеност?

Факт е дека предрасудите се социјално насилство, но уште поголем факт е дека не смеат да се урнат сите табуа во име на слободоумието, се додека човековиот ум е способен да скрнави.

Инцестот постои колку и човештвото, од египетските Птоломеи , Клеопатра, римските владетели, Калигула, Нерон… па до европските кралства. Древните „цивилизации“ биле склони кон инцест заради чување на богатството, територијата, сината крв. Вавилон пропаѓа и од разврат, вавилонската кралица Семирамида го озаконува инцестот и се жени со синот за да го сочува престолот. Племствата на Хабзбурговците , Савои и Бурбони ја чувале сината крв посинета од блуд и родоскрнавење. Данте Алигиери во првиот дел од „Божествената комедија“, „Пеколот“ ги казнува блудните ставајќи ги во вториот круг кој почнува со предупредување од Евангелието „широк е патот до пропаста“.

Големиот психоаналитичар Фројд инспириран од старогрчкиот мит за несреќнот цар Едип и трагедијата „Електра“ научно го објаснува инцестот како примитивен нагон на свеста кај човекот, а патолошката поврзаност на синот со мајката и ќерката со татко, ги нарекува Едипов и Електра комплекс.

Многу познати и јавни личности низ историјата биле во брак со свои роднини. Американскиот претседател Рузвелт имал шест деца со својата роднина Елеонора, германскиот композитор Јохан Себастијан Бах бил во брак со втора братучетка Марија Барбара, генијалниот Алберт Ајнштајн по разводот со исто толку генијалната Милева, се оженил со роднина од второ колено, Елса. Американскит поет Едгар Алан По се вљубува во седумгодишната роднина со која се жени кога ќе наполни тринаесет години (таа е причина, покрај алкохолот, за неговото растројство кога ќе почине, инспирација за култната песна „Never more“. Михајл Булгаков ја оживува биографијата на Молиер во XX век, објавувајќи книга за него „Животот на Молиер“ каде пишува дека Молиер бил обвинет за инцест со ќерка од невенчаната жена ( но никогаш не е докажано, ниту пак одречено). Чарлс Дарвин не еволуирал подалеку од приматите имајќи десет деца со прва братучетка! Биолозите тврдат дека инцестот кај животните е многу ретка појава, а растителниот свет има свој анти инцест механизам. Кога би можел некој да измисли таква вакцина за човечкиот „цивилизиран“ род , би го олеснил светот за еден голем нецивилизациско проблем помалку!

Покрај презирот и осудата од речиси целиот свет, за полно општење до петто колено, родоскрнавењето се уште ни се случува. Инцестот е аутизам, неспособност да се прилагодиш на друг и поинаков од себе, што е пречка за еволутивен и морален развој на здраво општество. А педофилија во 21 век, па згора и помилување на истата е како да си дозволил роденото дете да ти го „милува“ педофил…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќмарт 16, 2016
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќмарт 16, 2016
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќмарт 16, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.