Следи нѐ
To Top

Мото-клубот „Ноќни Волци“ прославува 10 години постоење!

Едно деценискиот минат труд на еден реномиран и светски познат мото-клуб, остава зад себе многу реализирани остварувања, заради исто толку многу вложувања и откажувања, но секогаш во име на нивните слободарски и правдољубиви клупски мотиви : „Не ги следи туѓите патишта, направи свој пат и дозволи им на другите да го следат. Колективното е над личното, Иднината е поважна од сегашноста и Правдата е посилна од Законот.“

Роденденот на „Ноќните Волци“ ќе биде одбележан во сабота во култниот бар „Van Gogh”, во 14:23 часот, симболичен временски период чиј редослед ги дава латинските букви од нивниот англиски назив – „Night Wolves“.

За тоа говорат и 10-те оправдани и докажани причини за 10-годишното постоење на овој мото-клуб во Македонија:

1.Слободољубие
2.Вистинољубие
3.Православие
4.Храброст
5.Хуманост
6.Чесност
7.Лојалност
8.Почитување
9.Борбеност
10.Машкост

12895251_1013387635400116_234551123_n (1)

ХРАБРОСТ е да танцуваш по асфалтот и да водиш љубов со ветрот, да дишеш слободно со гради исполнети со адреналин.

БОРБЕНОСТ е да стасаш до целта и покрај препреките, да го развиеш македонското знаме во Берлин и да оддадеш ПОЧИТ кон жртвите на фашизмот.

ХУМАНОСТА, да се помогне кога никој не те гледа или слуша освен децата аутисти, е доблеста на клубот, несебично да помага на послабите, немоќните и оштетените.

Затоа, нивната верба во Бога е животен стил, во име на ПРАВОСЛАВИЕТО да ги почитувааш сите, (член на клубот е претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров со муслиманска вероисповед).

ЛОЈАЛНОСТА и заемното ПОЧИТУВАЊЕ се главните атрибути на нивната МАШКОСТ, да се остане достоинствен член на клубот по своја волја и убедување, но секогаш во име на ВИСТИНОЉУБИЕ.

„Ноќните Волци“ презираат лаги, кај нив секогаш се зборува отворено за се, затоа што СЛОБОДОЉУБИЕТО сака вистинољубие!

12874342_1013418172063729_1875515363_o

СРЕЌЕН 10 РОДЕНДЕН НОЌНИ ВОЛЦИ НА МК!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.