Следи нѐ
To Top

Се проверува дали тримесечно бебе од Дојран има Зика вирус

Тримесечно бебе од Дојран со аномалија во делот на черепот и со мала глава по извршен рутински преглед и по препорака на педијатар од Струмица пред две и пол недели е донесено на Универзитетската Клиника за детски болести. Направени се анализи кои укажуваат дека не станува збор за рутински вируси кои знаат да направат микроцефалија (мала глава), значи сомнението останува за вирусот Зика.

Ова денеска го изјави директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, која рече дека се прават анализи за да се утврди присуство на вирусите Денга или евентуално Зика, а резултатите се очекуваат за десетина дена.

реклама

– Детето е родено со аномалија. Стравот е практично кај мајките кои се бремени да не го имаат овој вирус, кој причинува аномалија особено развојна во првите три месеци. Мајката е од Дојран, а патувала и во Грција во првите три месеци од бременоста кога настанува развојниот период и на мозокот и на другите органи, посочи Софијанова.

Одговарајќи на новинарско прашање дали мајката била касната од комарец рече дека сигурно е дека има таква индикација.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.