//
Следи нѐ
To Top

„Јутјуб ѕвездата“ Зоела предизвика скандал на социјалните мрежи (фото)

Благодарение на интернетот во светот денес постојат голем број „ѕвезди“, кои преку нивните профили на социјалните мрежи заработуваат илјадници долари.

Една од најпознатите меѓу нив е Зоела Саг (25), која има голем број фанови и следбеници како резултат на нејзините туторијали.

реклама

Но, овој пат Саг предизвика вистински мал скандал, откако на Снапчет објави фотографија на која се гледа нејзината долна облека.

133096807

На оваа реагираа многу незадоволни фанови, кои изразија разочараност на ваквото однесување на познатата блогерка.

– Многу ми е жал што мојата помлада сестра се угледува на тебе. Ова е срамота, е само еден од негативните коментари на Твитер.

На ова потоа се надоврзаа медиумите, па така британскиот таблоид „Сан“ кој оцени дека Зоела објавила „скандалозна“ фотографија и дека на овој начин „ја загубила невиноста“.

– Идиоти, се занимавате со мојата пижама додека сериозни работи се случуваат во светот, порача Зоела преку нејзиниот Твитер.

Но, сите немаа негативни коментари. Голем број фанови и испраќаа пораки на поддршка и се шегуваа со целата случка.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: