Следи нѐ
To Top

СЕДУМ ГОДИНИ ЈА СЛЕДАТ ЕСТРАДАТА: „Бекстејџ“ го прославија својот роденден во МНТ

Со гламурозна забава, впрочем каква што му доликува на најгледаниот естраден магазин во Македонија, „Бекстејџ“ вчеравечер во МНТ ги прослави својот седми роденден.

Поканета беше целата македонска естрада – пејачи, водители, спортисти, новинари, бизнисмени, актери, манекенки, но само неколкумина од нив ја имаа честа да ја добијат „Бекстејџ“ статуетката како најдобри во својата област за 2015 година.

За пејачка на годината беше прогласена Елена Ристеска, наградата за најдобар тренер отиде во рацете на предводникот на РК Вардар, Раул Гонзалес, награда за концерт на годината и припадна на пејачката Тамара Тодевска, постхумно беше награден и прерано починатиот диџеј Бабура, а наградата за трајни вредности припадна на сестрите Маријана и Росана.

„Бекстејџ“ не ги заборави ниту колегите од новинарската фела. Новинарот Мишко Иванов доби награда за најуспешен ТВ проект со „Патот до успехот“, а за најуспешна водителка беше прогласена шармантната Јована Стојменовиќ од утринската програма на телевизија Сител. Награден беше и Александар Русјаков за најдобар колумнист, додека за најуспешен печатен додаток – „Антена“ на дневниот весник Дневник.

DSC_0132-1

Крајот беше препуштен на момците од групата „Бета хаус“, додека присутните гости по доделувањето ја продолжија забавата со пригоден коктел.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.