Следи нѐ
To Top

УТРЕ МАКЕДОНИЈА ВО ВИОЛЕТОВО: Светски ден за поддршка на лицата со епилепсија

Виолетовиот ден е меѓународен ден, посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот.

На 26 март секоја година луѓето се облекуваат во виолетово и на различни настани го одбележуваат овој ден. Оваа година Здружението „Епилепсија Македонија“ ќе го одбележи овој ден под мотото „РАЗЛИЧНИ, А СЕПАК ИСТИ“ во 11 часот на градскиот плоштад во Прилеп, а во соработка со Лигата за борба против епилепсија на Македонија ќе го одбележи „ВИОЛЕТОВ ДЕН“ во 12 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје, и во 17 часот во „Skopje City Mall“.

Настанот во „Skopje City Mall“ ќе биде одбележан со едукативно предавање за тоа што е епилепсија, за проблемите на луѓето со епилепсија, како и нивната дискриминација од страна на општеството поради не едуцираност за поимот “Епилепсија”, а свое обраќање ќе имаат и претставници на здружението „ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА“.

Покрај едукативниот дел, самиот настан ќе биде поддржан од голем дел на артисти од македонската естрада кои без никакво размислување хумано прифатија да бидат дел од овој едукативен настан и дополнително да го задржат вниманието на присутните со нивните настапи. Дел од настанот ќе бидат:Влатко Илиевски, Игор Митрович, Бени (Нон Стоп), No Problem , Џина Папаз Џокси, Арчи, Бони и Оли, DJ Боби, Ring Road, Војче Китановски, Ранко Рангелов.

Ја очекуваме Вашата поддршка. ДА ЈА ОБОИМЕ МАКЕДОНИЈА ВО ВИОЛЕТОВО!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.