Следи нѐ
To Top

Настап на швајцарско талент шоу стана хит на интернет (видео)

Дека трпеливоста навистина е доблест, можеа да се уверат судиите во швајцарското талент шоу „Шперталент“, кои не покажаа голема трпеливост за „настапот“ на уметничката Кони.

Таа сакала во шоуто да го покаже својот талент за цртање, но нејзиниот настап не тргнал онака како што замислувала.

реклама

Имено, четворицата судии не покажаа ниту желба, ниту трпеливост Кони да го заврши цртањето со креда на табла и и дадоа четири „не“, што автоматски значеше нејзина елиминација.

Но, Кони не запре со својата изведба и го заврши делото, по што судиите зажалија за својата одлука, па решија да го променат мислењето и да ја пуштат таленираната уметница во следниот круг.

Снимката од нејзиниот настап набрзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика воодушевување, но и гнев кон судиите кои немаа трпеливост да видат што се крие на нејзиниот цртеж.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.