Следи нѐ
To Top

„Тврдина“ – нов случај што ќе го истражува СЈО

Специјалното јавно обвинителство поведе истражна постапка под име „Тврдина“, поврзана со незаконско следење на комуникации со користење опрема и уреди за следење кои се во сопственост на МВР, информира денеска на прес-конференција обвинителката Катица Јанева.

Обвинителката Ленче Ристоска презентирајќи го случајот, рече дека „Тврдина“ е сложен предмет. Осомничени се двајца началници од Одделот за безбедност и контраразузнавање при МВР, кои, според СЈО, заедно со тогашниот министер за внатрешни работи на почетокот на 2015 пречекорувајќи ги надлежностите и искористувајќи ја својата положба со еден началник на еден од одделите во МВР уништиле средства за следење на комуникации и со тоа нанеле штета на државата во висина од 10 милиони евра. Првоосомничениот со цел да прикрие други лица издал усна наредба до други организациони единици во МВР да се уништи техничката опрема со изговор дека е застарена.

реклама

Претходно СЈО побара сослушување на осомничениот Г.Г., како и претрес во неговиот дом и одредување мерка притвор, што не беше прифатено од судија на претходна постапка.

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека издало покана Г.Г. во текот на денешниот ден да се јави во просториите на судот пред судијата на претходна постапка. Во врска со предлогот на обвинителството за притвор, судијата на претходна постапка по сослушување на лицето дополнително ќе донесе одлука.

„Тврдина“ е трет случај што го отвора СЈО, по „Титаник“ во врска со изборни нерегуларности и „Тортура“ за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.