//
Следи нѐ
To Top

Притвор за Г.Г. првоосомничен во случајот „Тврдина“

Основниот суд Скопје 1 – Скопје го прифати предлогот на Специјалното обвинителство за определување мерка 30-дневен притвор за првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на оддел во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, Г.Г.

– Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор за осомничениот Г.Г., поднесен во Судот во текот на вчерашниот ден, по денешното сослушување на осомничениот кој самиот се јави во судот, а во присутво на негов бранител и обвинител од наведеното обвинителство, донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка 30 дневен притвор, стои во соопштението од Судот.

реклама

Како што се посочува, на оваа одлука на судијата на преходна постапка, странките имаат право на жалба во рок од 24 часа.

СЈО вчера на прес-конференција соопшти дека повело истражна постапка под име „Тврдина“, поврзана со незаконско следење на комуникации со користење и искористување опрема и уреди за следење кои се во сопственост на МВР, за што се осомничени пет лица.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: