Следи нѐ
To Top

ДУИ одлучи да ги повлече претставниците во извршната власт

Централното раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија, соопшти синоќа ДУИ.

– Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот на партијата Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција.

реклама

ДУИ, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови, се вели во соопштението.

Во соопштението не се наведени причините за овој ненадеен потег на коалициониот партнер во владата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.