Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Чешка е најлиберална земја од ЕУ во користење на алкохол и цигари

Занимливости

Чешка е најлиберална земја од ЕУ во користење на алкохол и цигари

Ако сакате да уживате во нездрава храна, алкохол и цигари, одберете ја Чешка за дестинација.

Вака може да звучи рекламата за земјата, ако се суди по резултатите на студијата на Институтот „Епицентар“, (Европски информативен центар за политика), што е независна иницијатива на шест водечки тинк-тенк организации од целата Европска унија.

Според авторите на студијата, со истражувањето се потврди чешката репутација за „пристаниште на слободата“ и тоа пред се затоа што не го ограничува нудењето алкохол во рестораните, дозволува негово рекламирање, како и нудењето на електронски цигари.

Чешка го заслужи првото место и благодарејќи на најголемата потрошувачка на пиво по глава на жител во светот, заради тоа што на овој „национален пијалок“ е воведен најмал данок.

Покрај Чешка, меѓу полибералните земји во пристапот до алкохол, цигари, електронски цигари и нездраво јадење и пиење се и Германија, Луксембург, Холандија, Словачка, Австрија и Бугарија.

Спротивно на тоа, во првите седум, најмалку слободни земји во овој поглед, се Финска, Шведска, Велика Британија, Ирска, Унгарија, Грција и Литванија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.