Следи нѐ
To Top

Одбележан 2 април – денот на лицата со аутизам (ФОТО)

Одбележувањето на 2-ри април – Меѓународен ден на лицата со аутизам, што се одржа во Едукативниот центар во Зоолошката градина во Скопје, под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, а во организација на Здружението за третман на лицата со аутизам, АДХД и Апсергеров синдром – “Во Мојот Свет“ изнуди насмевки на многу дечиња со аутистичен спектар на нарушувања,нивните родители и сите присутни.

133109497

реклама

Како организатори на настанот се појавија и мајките членови на здружението Весна Андреева, Аниса Трпевска, Валентина Попоска и Жижа Бејковска.

Гости на манифестацијата беа претставници на дипломатскиот кор во Р. Македонија, браќата Тавитјан – Автори на химната за Аутизам – “Во мојот свет” како и мото клубот Ноќни Волци кои обезбедија пригодни подароци за дечињата со аутизам.

Не е првпат, клубот Ноќни Волци во име на хуманоста да се приклучи кон хуманитарни акции особено кога се во прашање најмалите и најнезаштитените. Овој пат, цел ден го поминаа дружејќи се со децата аутисти, нивните родители и сите добронамерни хуманитарци со чувство за емпатија. Така спонтано и пријатното беше изненаден претседателот на мото-клубот Ноќни Волци, кога водителката од МТВ му ја предаде хуманата порака во облик на сина штафета, која симболично претставува аманет, да се продолжи со хуманоста и да се предаде понатаму во вистински хумани раце.

133109469

Веселото попладне го разубави и богатата културно-забавна програма во која учесници беа Ребека, Мики Јовановски – Џафер, Златните славејчиња, кореографско студио – Еурека, учесници од ОУ. “Петар Здравковски – Пенко” и останати.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.