//
Следи нѐ
To Top

Ноќни Волци и децата со аутистичен спектар на однесување (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Не е првпат, клубот Ноќни Волци во име на хуманоста да се приклучи кон хуманитарни акции особено кога се во прашање најмалите и најнезаштитените.

Овој пат, цел ден го поминаа дружејќи се со децата аутисти , нивните родители и сите добронамерни хуманитарци со чувство за емпатија, одбележувајќи го Денот на децата аутисти.

реклама

Хуманоста е природна, така и се развива низ животот, се учи и пренесува на помладите генерации.

133109469 133109466 12919461_1024245294314350_502089421_o 12919555_1024246330980913_564588059_o 12919572_1262848217061893_1765326816_o 12921864_1024246074314272_1581486221_o 12962617_1024246000980946_1447665091_o 12922141_1024262734312606_1981631087_o 12922190_1024262687645944_1596532416_o 12922350_1024245547647658_1254041301_o 12941003_1024245667647646_1929926338_o 12941150_1024262800979266_919752665_o 12946839_1024245107647702_1304959290_o 12962444_1024262970979249_507698445_o 12952834_1024245407647672_88192579_o 12952779_1024245697647643_1337775880_o 12948481_1024263034312576_2019374515_o 12947051_1024245947647618_304585741_o
<
>

Така спонтано и пријатното беше изненаден претседателот на мото-клубот Ноќни Волци, кога водителката од МТВ, Виолета Совкаровска му ја предаде хуманата порака во облик на сина штафета, која симболично претставува аманет, да се продолжи со хуманоста и да се предаде понатаму во вистински хумани раце.

– „Го искористив денешниот убав хепенинг во Зоолошката градина за да ја предадам штафетата на Ленин Јовановски, водачот на Ноќните Волци, кои се големи поддржувачи на децата со аутизам. И тој беше изненаден од почеста, ја прифати сината штафета со искрена радост и сигурна сум дека и тој ќе избере некого од нашата сѐ поголема дружина“ – изјави Совкаровска.

12962617_1024246000980946_1447665091_o

Одбележувањето на 2-ри април – Меѓународен ден на лицата со аутизам, што се одржа во Едукативниот центар во Зоолошката градина во Скопје, под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, а во организација на Здружението за третман на лицата со аутизам, АДХД и Апсергеров синдром – “Во Мојот Свет“ изнуди насмевки на многу дечиња со аутистичен спектар на нарушувања,нивните родители и сите присутни.

Како организатори на настанот се појавија и мајките членови на здружението Весна Андреева, Аниса Трпевска, Валентина Попоска и Жижа Бејковска.

12921106_1024460874292792_29844739_n

Гости на манифестацијата беа претставници на дипломатскиот кор во Р. Македонија, браќата Тавитјан – Автори на химната за Аутизам – “Во мојот свет” како и мото клубот Ноќни Волци кои обезбедија пригодни подароци за дечињата со аутизам.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Љубов

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: