//
Следи нѐ
To Top

Пет модни ревии за крај на Моден викенд Скопје 13 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со ревиите на Дренуша Џара и Јилка Брада „JZJ by Zlatko Jovanovski“, Никола Петровски , „Sigma Jewerly“ и за крај на вечерта Лидија Георгиева, вчера се заврши тринаесеттиот Моден викенд Скопје, кој се одржуваше од 1 до 3 април, во салонот „Порше Македонија“.

Последниот ден на модниот настан го отворија косовските дизајнерки Дренуша Џара и Јилка Брада, поддржани од USAID EMPOWER Kosovo & Kosovo Apparel Marketing Association – KAMA. Џара ја презентираше колекцијата „Златна ера“ за актуелната сезона, додека Брада дебитираше пред македонската публика со колекцијата „Tradern“, за есен/зима 2016/2017.

реклама

Младиот дизајнер Златко Јовановски презентираше 15 креации во кои доминираат златни и сребрени тонови од колекцијата “JZJ’s KINGDOM”, надополнети со маски, шапки и други аксесоари. Наскоро целата колекција ќе биде изложена во Лондон и ќе остане во салон од кој модни парчиња најчесто изнајмуваат ВИП личности.

DB2C0122 DB2C3316 DB2C3070 DB2C2167 DB2C1107 DB2C0506 Сигма-16
<
>

Никола Петровски кој годинава одбележува 20 години од својата прва ревија, на модното шоу симболично претстави 20 креации од претходните колекции и 20 модели од новата колекција „Bocho Chic“, за есен/зима 2016/2017, поддржана од „ПроМедика Естетик“.

Познатиот бренд „Sigma Jewelry“ ги прикажа новите ексклузивни парчиња италијански накит на својата прва ревија на Моден викенд Скопје. Колекцијата за пролет/лето 2016 е достапна во продавницата во ГТЦ.

„Во изразена доминација на пролетни амбиенти, инспирација за колекцијата е истражување на терен досега нетипичен за брендот – излет во седумдесеттите. Се работи за еволуција на добро познатиот панк -рок шик јазик на брендот, но овојпат препознатливите елементи се во комбинација со деликатни акценти на боемски хипи-шик стил“, вели за својата колекција Георгиева.

За шминката на манекенките се погрижи официјалниот мејкап партнер „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски и тимот на мејкап артисти а за фризурите „Lakme“ во соработка со Едукативниот центар „Кариера Плус“.

На тринаесеттиот Моден викенд Скопје, под мотото „ Да живеат осумдесеттите!“ видовме вкупно тринаесет ревии. Наскоро се очекува и отворањето на новото ателје на „MCouture by Mila Kadriu“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: