Следи нѐ
To Top

Министрите и замениците од СДСМ поднесоа оставки

Министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ денеска поднесoa оставки на функциите во Владата на Република Македонија.

Како што соопшти СДСМ, доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието на Република Македонија донесена на 23 февруари, со којашто се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараат оставките претходно да се констатираат.

реклама

– Според договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата на Р.Македонија којашто согласно договорот од 2 јуни 2015 и Протоколот кон Договорот од 15 јули 2015 година, е формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор, стои во соопштението и се додава дека СДСМ и опозицијата остануваат гаранти на заложбите за спроведување фер, регуларни и демократски избори во Република Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.