//
Следи нѐ
To Top

Демолирана Народната канцеларија на Иванов (ФОТО)

Демонстранти организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва ја демолираа Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов  во центарот на Скопје. Искршени се прозорците и мебелот од канцеларијата, а оштетена е и зградата на Министерството за правда.

Според очевидци, има и повредени лица, меѓу кои новинар и фоторепортер, а десетина се приведени. Повеќето од демонстрантите се разотидоа, а полицијата останува на терен.

реклама

Протестираа во знак на револт од  одлуката на претседателот за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.

Претходно демонстрантите беа пред Собранието, а полицијата ги спречи да се упатат кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Бараат оставка на претседателот Иванов, замрзнување на активностите за одржување парламентарни избори на 5 јуни и формирање експертска Влада која ќе организира фер, демократски и кредибилни избори.

Протестот почна по 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на неговата работа, по што продолжи пред Народната канцеларија на Иванов па пред Собранието. Протести пред канцеларијата на Иванов се одржаа и синоќа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: