Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Целосно демолирана Народната канцеларија на Иванов (ФОТО)

ФОТО: ФЕЈСБУК

Актуелно

Целосно демолирана Народната канцеларија на Иванов (ФОТО)

Вечерва беше целосно демолирана Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов  во центарот на Скопје. Искршени се прозорците и мебелот од канцеларијата, а оштетена е и зградата на Министерството за правда.

Учесниците на протестот бараат оставка на претседателот Иванов, замрзнување на процесот за одржување избори на 5 јуни и формирање експертска Влада која ќе организира фер, демократски и кредибилни избори.

Протестот почна по 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на неговата работа, по што продолжи пред Народната канцеларија на Иванов па пред Собранието. Протести пред канцеларијата на Иванов се одржаа и синоќа.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.