Следи нѐ
To Top

Продиџи доаѓаат на фестивалот Егзит! (ВИДЕО)

По интензивните и итни преговори, The Prodigy (Продиџи) го променија планот на нивната турнеја со која го промовираат последниот албум и ќе настапат во недела на 10 јули на EXIT (Егзит) фестивал!

Анкетата за еден од најпопуларните светски бендови итно да се донесе во Нови Сад ова лето, во која дури 92% од повеќе од 25.000 луѓе јасно и гласно кажаа „Да!“, стигна до бендот кој ја измени и додаде дури четврти последователен датум во втората недела од јули, само за да настапат на, според нивното признание, омилениот фестивал!

Лиам, Кит и Максим сакаа и лично да се обратат кон публиката од регионот изјавувајќи: „EXIT Warriors, нѐ баравте нас и ние доаѓаме! Се собираме на тврдината, задолжително бидете таму и се гледаме! Peace!“

The Prodigy постојат 25 години, а со последниот албум „The Day is My Enemy“, по шести пат последователно се најдоа на првото место на британската листа на најпродавани албуми, што на ниту еден бенд покрај „Битлси“ не му појде од рака.

По неодамнешната изјава која фронтменот на бендот Кит Флинт ја даде за магазинот NME (Ен-ем-и), дека нивното повлекување е неизбежно, уследија бројни јавни апели дека оваа турнеја можеби е и последна шанса да ги видиме во живо на ним омилената сцена на Exit. Музичарите од регионот ги означија како единствен голем странски бенд кој може да се смета и како „домашен“ поради посебната поврзаност на овој бенд со публиката на Exit.

The Prodigy на нивната последна турнеја настапија речиси на сите важни фестивали од Австралија до Америка, вклучувајќи ги и стадионите, арените и најголемите концертни простори од Јапонија до Аргентина. Концертно неуморни, обиколија повеќе од 30 земји, а во многу од нив настапија и повеќе пати само во изминатите две години! До крајот на турнејата, ги очекуваат уште петнаесетина настапи, меѓу кои на 10 јули сепак ќе се најде и Exit фестивал!

Exit фестивал годинава ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, а потоа Exit Авантурата патува на Јадранско море во Будва поради третиот Sea Dance фестивал од 14 до 16 јули. Настапите веќе ги потврдија Ellie Goulding, Wiz Khalifa, Hurts, Bastille, The Vaccines, Dimitri Vegas & Like Mike, Stormzy, Sister Bliss – Faithless DJ Set, Lost Frequencies, Solomun, Marco Carola, Robin Schulz, Nicky Romero, Cock Sparrer, Anti-Flag, Dub Pistols, DJ Hype, Andy C, клубовите Tresor и Concrete и бројни други.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

error: Содржината е заштитена со авторски права.