//
Следи нѐ
To Top

Вонсериска изведба на Мартија со песната „Џелем, џелем“ во „Пинк ѕвездички“ (ВИДЕО)

Неверојатна изведба на македонската учесничка во “Пинк ѕвездички” во седмиот круг. Мартија Станојковиќ по седми пат ги собра врисоците на публиката и аплаузот на жири комисијата, овојпат со прекрасната изведба на ромската химна „Џелем, џелем”.

Таа изгледаше и звучеше уште еднаш совршено, онака како што треба да се изгледа при ваква интерпретација и онака како што треба да се пее оваа песна, пренесува ТВ Пакет.

реклама

За Гоца, нашата Мартија е најкомплетната Пинкова ѕвездичка, за Јелена Томашевиќ од ваква изведба може само крвта на човек да му заледи. Без зборови остана и Хари, а и Леонтина и Милан се согласија дека таа е фаворит за оваа сезона и мултиталент за кого не постојат музички граници.

Погледнете го настапот на Мартија, а во понеделник на Сител и целата емисија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: