Следи нѐ
To Top

Заврши протестот против одлуката на Иванов за аболиција (ФОТО+ВИДЕО)

Заврши протестот организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“ против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, со барање за негова оставка, како и повлекување на одлуката за избори на 5 јуни.

Вечерашниот протест почна од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во знак на поддршка на оваа институција.

реклама

Демонстрантите од пред СЈО се упатија кон Собранието на Република Македонија, околу чија зграда имаше распоредено полициско обезбедување.

133130892

Од Собранието демонстрантите се упатија кон Владата на Република Македонија. И вечерва дел од демонстрантите ја оштетија фасадата на Порта Македонија, која се наоѓа во близина на Собранието, со јајца и боја, и испишувајќи графити на неа.

Додека дел од демонстрантите се упатија кон Триумфалната порта да маваат со боја од другата страна излезе провокатор кој се нафрли и почна да мава една од девојките која присуствуваа на протестот.

Кога го видоа тоа демонстрантите, група од 20-тина се пуштија во одбрана на девојката при што настана инцидент. Редарите спречија поголем физички контакт, а провокаторот го оддалечија кон ГТЦ да го заштитат но и да го пријават во полиција за нападот.

Од пред Владата, која беше исто така обезбедувана од полицијата, тие се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде и заврши протестот.

Во знак на поддршка вечерва на протестот се приклучи и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Во една работа сигурно верувам, а тоа е нашиот народ. Народот е гневен и гневот расте. Секој ден се случуваат нови глупости и нови срамоти за Македонија. Денеска сме овде, јас, дел од раководството на СДСМ, како и впрочем сите вечери, некој од нас е присутен во поддршка на овие протести кои ги организираат граѓанските организации. Ова расте и не може да застане. Интензитетот се повеќе и повеќе ќе се зголемува, рече Заев.

Само се надевам, рече, дека ќе бидеме внимателни, дека ќе бидеме, како што рече, луѓе пред се, без употреба на насилство и по мирен пат секој ќе го изрази револтот во форма на протест и оти сето ова ќе заврши по мирен пат, со заминување на оваа режимска и криминална власт.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.