Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Светскиот хуманист и предавач Ник Вујичиќ вечерва гостува во „Борис Трајковски“

МК Сцена

Светскиот хуманист и предавач Ник Вујичиќ вечерва гостува во „Борис Трајковски“

Светскиот хуманист и предавач Ник Вујичиќ кој во рамки на својата светска турнеја гостува и во Македонија, вечер, во ВИП Арената на СРЦ „Борис Трајковски“, ќе одржи мотивациски говор.

Настанот го организираат Центарот за поттик на креативни потфати, „Нова Искра“ и евангелско-протестантските цркви во Македонија, а ќе биде збогатен со музички настапи на „Скопје Госпел Хорот“ и на македонските музичари браќата Тавитијан.

Според желбата на Вујичиќ, сите собрани средства од билетите кои може да се купат преку МКТикетс за 100, 200, 300 и 1.000 денари, како и он-лајн, преку веб страницата на МКТикетс (www.mktickets.mk) или во нивната продажна мрежа која ги вклучува продавниците на ONE ширум Македонија, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, за опремување на салата за лицата со посебни потреби.

По повод посетата на Вујичиќ, на Саемот на книгата ќе биде промовирана и неговата прва книга „Живот без граници“, во превод на македонски јазик. Изданието ќе биде достапно и на настанот вечер, во СРЦ „Борис Трајковски“, за 300 денари.

Ник Вујичиќ е роден Австралијанец со српско потекло чиј недостаток на рацете и нозете е резултат на ретката вродена аномалија наречена тетра-амелија синдром. Неговиот вроден физички недостаток го става во животот пред сериозни предизвици со кои успева да се избори и денес тој несебично го споделува своето животно искуство и станува инспирација за милиони луѓе ширум светот.

Овој 32-годишен мотивациски говорник моментно е на турнеја низ светот, каде настапува пред преполни стадиони со 100.000 фанови, дел е од  состаноци на светските лидери и пишува книги.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.