Следи нѐ
To Top

Ријана и Леонардо ди Каприо фатени во слатко шепотење (ФОТО)

Познатата пејачка Ријана и актерот Леонардо ди Каприо повтоно се „уловени“ заедно.

Имено, како и сите други познати личности и тие се појавија на славнаиот музички фестивал „Коачела“. Иако се обидуваа да се скријат од погледите на љубопитните, Ријана со очилата за сонце, а Лео со капа, сепак не можеа да останат незабележани, па нивната „дружба“ повторно поттикна гласини дека се заедно.

Иако Ријана не се вклопува во типот на жени на кои „паѓа“ славниот Оскаровец, се чини дека Ди Каприо никогаш неможел да и одолее на пејачката, а првите гласини за тоа дека меѓу нив „има нешто“ се појавија во јануари 2015 година.

Но, Леонардо набрзо започна врска со манекенката Кели Рорбак, а наводно и ја побарал и за жена, но врската не траеше долго. Кели набрзо се замина и почна со снимање на филмската адаптација „Чувари на плажата“, а Леонардо изгледа повторно го заврте бројот на Ријана, затоа што изминатиов период во неколку наврати беа видени заедно во ноќните забави.

Пејачката (28) и холивудскиот ерген (41) на „Коачела“ цела вечер се смееле и нешто си шепотеле.

– Тој мисли дека таа е многу секси, откри непознат извор за „Ју-Ес Викли“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.