Следи нѐ
To Top

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Целетоиди, селфоиди, андроиди…

Одрекувањето од интимноста заради аплаузи или лајкови е уште еден од многуте современи феномени, кои се многу далеку од феноменалност.

Селфи опсесијата е бениген облик на нарцисоидност или потреба да се пополни „празното“ време со себе си (сличноста на зборот селфи со зборот selfich е случајна).

Целетоидите се сите учесници во реалити – шоу емисиите чија медиумска „афирмација“ нема врска со супериорноста на талентот. Единствена сатисфакција е пазарната ориентација што е пак човечка деградација. Нивната суета и жед за популарноста е посилна од разумот, срамот, стилот на комуникацијата… За медиумски популарни ликови или т.н. „јавни фаци“ ваквите мас-медиуми до некаде се оправдани, многу познати актери успеале да се „продадат“ во јавноста со своите селфи автопортрети.

Селфи кралот, Џејмс Франко (американски актер) објаснува дека многуте лајкови од луѓето кои те следат на јавните мрежи за комуникација , се исто што и аплаузи во театар или филмска изведба. Смета дека селфи модата трае долго и не случајно терминот „селфи“ е влезен во Оксфорд речникот на англиски јазик од 2013-та година. Но и турбо фолкот е влезен одамна и никако да излезе, што не значи дека има трајна вредност…

Дали влегуваме во новите светски оперативни системи кои од нас прават целетоди, селфоиди и андроиди ? Мислам дека романите на авторката Сузан Колинс “Hunger Games “ и “Mockingjay” треба да се читаат како средношколска училишна лектира! Кога ќе ги видите децата дека не прекинуваат да се селфираат со мобилните, дајте им четка и боја да се нацртаат – можеби ќе упали ! А можеби и нема, ништо не можеш па тоа ти е …

Секоја сличност со докторското селфи е ….намерно !

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Кој ни ја украде радоста?

    Радоста е наша автентичност, хармонија од мисли, чувства, однесувања и себекреирање во позитивна личност.

    Татјана Алексиќаприл 20, 2016
  • Црно бел свет…

    Колку и да посакуваме „La vie en rose“, сѐ уште се играме „Црно бели свет“ на Даворин Боговиќ од „Прљаво казалиште“.

    Татјана Алексиќаприл 20, 2016
  • Уметноста на пријателствувањето

    „Ако ние мразиме некој човек, тогаш во неговиот лик мразиме нешто што е всадено во нас. Она што не е во...

    Татјана Алексиќаприл 20, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.