Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Емотивна балада на Даниел Крстески (ВИДЕО)

МК Сцена

Емотивна балада на Даниел Крстески (ВИДЕО)

По „Ти имаш се“, младиот и талентиран пејач Даниел Крстески сними нова песна со наслов „Да оживеам“.

Како и претходно, така и овој пат Крстески довербата му ја додели на Ристо Самарџиев, кој се потпишува како автор на музиката и текстот, додека пак аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски.

Крстески за новата песна сними и интересен видеозапис на неколку локации во Охрид, како што е хотелот „Белведере“ и еко-кампот „Дедо Илија“ во Македонски Брод. Покрај Даниел во спотот се појавува и преубавата Дијана Петкоска, а овој пат режисерската палка му припадна на Жарко Стојкоски.

– Снимањето помина во одлична и опуштена атмосфера и се надевам дека спотот ќе и се допадне на публиката. Следно на што работам е летна песна со брз ритам, а исто така се подготвува и песната за на Охридски фестивал.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.