Следи нѐ
To Top

Од понеделник стартува новата утринска програма на Телма

Од понеделник, 2 мај, на Телма започнува ново утринско шоу. “Утринска на Телма” е нова емисија која ќе се емитува секој работен ден, од понеделник до петок од 8 до 12 часот.

Емисијата ќе ја водат млади и свежи лица за Телма телевизија, како што се Цеце Трајковска, Марко Марк, Елена Вишка и Гоце Андреевски.

реклама

Тимот на новата утринска ветува дека секојдневно ќе се трудат да го обојат Вашиот ден во веселите бои на виножитото и на секој од Вас да му предизвикаат насмевка на лицето.

12993442_979316708850619_4448052251675442562_n[1]

– “Искрено и од срце среќни за нашиот нов старт во нашиот живот и приватно, но и професионално. Со нетрпение очекуваме да се видиме во понеделник со Вас. Ќе се потпреме на вистинскиот фундамент односно тезата дека “Секој ден треба да кажуваме нешто убаво”… И заедно ќе потврдиме дека смеењето е нашиот универзален јазик. Бидете со нас…  Убаватa и среќна енергија ја носиме на самиот почеток на денот…утрото. Искрено Ваши Гоце, Цеце, Елена и Марко.”

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.