Следи нѐ
To Top

Илјадници граѓани пред храмовите вчеравечер го дочекаа Христовото воскресение Велигден (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со зборовите „Христос воскресна, навистина воскресна“ илјадници православни верници во Македонија вчеравечер пред храмовите низ Македонија го дочекаа најголемиот празник во христијанството, Христовото воскресение, Велигден.

Најмасовно беше кај Соборниот храм во Скопје, каде со Воскресната Литургија чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, пренесува Засе.мк.

реклама

Голем број верници се собраа и пред црквите во скопските населби Аеродром, Црниче, Центар, Чаир.

– „Повикуваме на единство меѓу нашиот народ, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот. Здобивајќи се со тој дар, ќе можеме мудро и незлобно да одговориме на сите предизвици што катадневно се испречуваат пред нас. Да го чуваме сопственото и да го почитуваме достоинството на другите, да се грижиме за доброто на секого и на сите околу нас. Да испросиме преобразба на секого и меѓусебно сплотување; да побараме исцеление на раните што ги трпиме и лузните што ги носиме; да измолиме оттргнување на страданијата и искушенијата со кои живееме“, стои во годинашната порака на поглаварот на МПЦ.

Погледнете ја атмосферата од прославувањето на Велигден пред Соборниот храм во Скопје:

DSC_7091 DSC_6874 DSC_6544 DSC_7097 DSC_6665 DSC_6626 DSC_7013 DSC_6890
<
>
Илјадници граѓани пред храмовите вчеравечер го дочекаа Христовото воскресение Велигден (ФОТО: ДРАГАН ТАНУРОВСКИ)

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.