Поврзи се со нас

Популарно.мк

Miss Kittin на мапата за светски забави викендов во Скопје

МК Сцена

Miss Kittin на мапата за светски забави викендов во Скопје

Француската диџејка Miss Kittin ќе има свој перформанс на 7ми мај, сабота во Младински културен центар. Конечно по долги години во Скопје, забава продуцирана по највисоки светски стандарди, со врвен артист двигател на електронската сцена.

За сите заинтересирани билети се на продажба во кафе Излет, Кино Карпош http://mktickets.mk/miss-kittin и билетара МКЦ.

Caroline Hervé, или позната како Miss Kittin, е француска пејачка, диџејка и продуцентка која по завршените студии по уметност, реши да се занимава со диџејство и продуцирање на музика. Се прослави со “Frank Sinatra”, заедно со продуцентот The Hacker, во 1998ма година.

Од тогаш па наваму е врвен светски диџеј и зад себе има дури 3 албуми. Со самото тоа, таа ги отвори ширум вратите за жените диџеи, нема ниту една предрасуда кога станува збор за безкомпромисен и моќен настап и една цела нова генерација е сега присутна на подиумите. Задоволството е огромно да се слушаат нејзините музички сетови, составени од најдобра и најнова хаус продукција, хаус класики и андерграунд техно.

image1

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.