Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево, попладне краткотраен дожд

Актуелно

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево, попладне краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер, особено во југоисточните делови. Доцна попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, најпрво во западните, а потоа и во источните делови.

Утринската температурата ќе се движи од пет до 13, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје слично време со температура од 11 до 26 степени.

Поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на невреме со изолирана појава на град.

В петок и в сабота ќе биде топло и ветровито со умерен до засилен југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд ќе има во сабота вечер и во понеделник.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.