Следи нѐ
To Top

Отворен луксузниот хотел Мериот во центарот на Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Мериот Хотели, брендот со потпис на Marriott International, го отвори својот прв хотел во Македонија, Skopje Marriott Hotel. Лоциран на плоштадот Македонија, во срцето на деловниот и културен центар на градот, новиот хотел е експертски дизајниран, со цел да го понуди најдоброто од комфорот и стилот.

Секоја од 164-те прекрасно поставени гостински соби и апартмани, вклучувајќи го и луксузниот претседателски апартман, нудат комбинација на традиционална архитектура и модерен дизајн на ентериерот.

реклама

Новиот хотел, кој има поглед на реката Вардар, може да се пофали со низа од иновативни содржини и дизајнерски карактеристики, вклучувајќи го големото лоби на Мериот, кое нуди отворена и флексибилна лаунџ просторија, за гостите да се релаксираат, работат или се социјализираат, како и ресторан и два барови, кои овозможуваат фантастична селекција на локални вина и уникатни премиум коктели.

Skopje Marriott (6) Skopje Marriott (7) Skopje Marriott (8) Skopje Marriott (9) Skopje Marriott (10) Skopje Marriott (1) Skopje Marriott (2) Skopje Marriott (3) Skopje Marriott (4) Skopje Marriott (5)
<
>

Хотелот нуди одлични простории за бизнис патниците, со флексибилни и стилски простории за состаноци, вклучувајќи седум посебни сали за настани, од кои најголемата има капацитет до 600 луѓе, заедно со мултифункционален простор за отворени дискусии, работилници и приватни состаноци. Executive собите, како и Executive Lounge нудат дополнителен комфор и стил.

Хотелскиот ресторан, Distrikt Bar & Kitchen, го презема спојот на различните култури на градот и најдобрите локални производи ги комбинира со источноевропски и медитерански влијанија. Најдоброто од кулинарските дела вклучуваат свежа риба и Џоспер скара на јаглен, која дава уникатен вкус на селекцијата на стекови од зреено месо во понудата.

Спа центарот на хотелот нуди низа третмани за релаксација, вклучувајќи го заштитниот интензивен третман на лице против стареење, како и пилинг за тело со зелен чај и краставица, користејќи June Jacobs производи, познати по својот микс од природни ботанички состојки и патентирани антиоксиданси.

Marriott Skopje_Pres konferencija_1

Платформата на Мериот Meetings Imagined дава нови можности и инспирација за организатори на настани и состаноци, заедно со онлајн сервис кој им овозможува на гостите да се во контакт 24/7 со менаџерите за односи со клиентите.

Шармантниот град со фасцинантна историја Скопје, е лоциран во северниот дел на Македонија, со прекрасната река Вардар која тече низ градот. Хотелот е лоциран до најпознатите градски атракции, вклучувајќи го Камениот мост, неверојатната статуа на Александар Македонски, „Воин на коњ”, како и богат избор на театри, музеи, барови и ресторани.

Мериот Хотелите се трансформираат, со цел да им овозможат на своите гости да патуваат брилијантно. Гостите и ентузијастите за патување може да ја посетат страницата http://travel-brilliantly.marriott.com и да ги искусат безбројните начини на кои Мериот Хотелите продолжуваат да ги исполнуваат сите потреби на денешните патници.

Освен мобилното пријавување и одјавување во хотелот, информирање за подготвеноста на собата и мобилните барања, Мериот Хотелите се први кои развиваат систем за отклучување на собите преку мобилен уред, во својот хотел Marriott Waterfront во Балтимор, САД.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.