Следи нѐ
To Top

Украина победник на 61. Избор за песна на Евровизија (ВИДЕО)

Претставничка на Украина, Џамала со песната „1944“ победи на 61-то издание на Изборот за песна на Евровизија што се одржа синоќа во шведскиот главен град Стокхолм.

Според гласовите од жири комисиите и од телефонското гласање во 42-те земји учеснички на овогодишниот Евросонг, украинската претставничка заврши на првото место со вкупно 534 поени.

Втора беше Австралија со 511 поени, додека на третото место со 491 глас се најде Русија, која пред синоќешната финална вечер, на која настапија 26 држави, важеше за главен фаворит за победа.

Инаку, по гласањето на жири комисиите најмногу поени освои австралиската претставничка Дами Им со песната „Sound Of Silence“, додека на телевоутингот најмногу гласови доби рускиот претставник Сергеј Лазарев за песната „You Are The Only One“.

Четврта беше Бугарија, а по неа следуваа Шведска, Франција, Ерменија и Полска. Интересно беше што Полска, која беше трета според гласовите од телевоутингот, по гласањето на жири комисиите беше последна со само еден поен.

По победата, украинската претставнича Џамала, чија песна говори за прогонот на кримските Татари од страна на советскиот режим во 1944 година, изјави дека сакала да исепее песна за мирот и љубовта. – Тоа е она што му го посакувам на целиот свет – мир и љубиов, порача Џамала.

Водители на Изборот беа минатогодишнот шведски победник на Евросонгот, Монс Селмеров и комичарката Петра Меде. Специјален гостин на Изборот беше Џастин Тинберлејк, кој ја изведе неговата нова песна „Can”t Stop the Feeling“.

На овогодишниот Евросонг Македонија ја претставуваше Калиопи со песната „Дона“, која во второто полифинале во четвртокот не успеа да избори пласман во финалето.

 Инаку, според организаторите, овогодишниот Евросонгот дирекно го следеле околу 200 милиони телевизиики гледачи ширум Европа, Австралија, САД и Кина.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.