//
Следи нѐ
To Top

Бруклин Бекам и Клои Морец првпат се појавија заедно на црвениот тепих

Бруклин Бекам и неговата девојка Клои Грејс Морец синоќа беа главни ѕвезди на холивудската премиера на филмот „Neighbors 2: Sorority Rising“, во кој Клои игра една од главните улоги. 

Романтичниот Бруклин ја изненади својата девојка, откако ненајавено долета од Лондон, за таа вечер да биде со неа.

реклама

– Многу е мил и внимателен. Вистински џентлмен, откри убавата глумица.

Бруклин (17) и Клои (19) започнаа љубовна врска во летото 2014 година, но таа набрзо заврши, па од октомври 2015 година до март 2016 година синот на Дејвид и Викторија Бекам беше во врска со француската глумица Сонија Бен Амар.

Сепак, изгледа дека Клои е подобар избор за Бруклин, па тој нашол начин како повторно да ја освои.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: