Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Новиот хит на Џастин Тимберлејк „Can’t Stop The Feeling“ доби „танцувачки“ спот (ВИДЕО)

Музика

Новиот хит на Џастин Тимберлејк „Can’t Stop The Feeling“ доби „танцувачки“ спот (ВИДЕО)

Џастин Тимберлејк се врати на работа и пред помалку од два недели ја промовираше нова песна „Cant’ Stop The Feeling“, која ќе се најде на саундтракот на новиот филмски хит „Тролови“. 

По промоцијата на песната, која се очекува да биде еден од главните хитови претстојново лето, Џастин сега објави и спот за неа.

Џастин во спотот танцува во целосно бела комбинација, но видеото вклучува и голем број други лица, кои на различни места и во различни пригоди танцуваат на заразниот ритам.

Во една од сцените, Џастин танцува и во продавница, што не е прв счучај во некои од неговите спотови. Имено, и во 2008 година во спотот за големиот хит „4 Минути“ што го сними со Мадона, тој се најде во многу слична сцена.

Но, неговите движења сега се нешто поумерени, затоа што сепак поминаа осум годни оттогаш, а и Џастин во меѓувреме стана сопруг и татко, што сигурно му црпи енергија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.