fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Проблеми со Фејсбук: Стотици корисници блокирани со часови, се уште нема решение

Интернет

Проблеми со Фејсбук: Стотици корисници блокирани со часови, се уште нема решение

Стотици корисници на Фејсбук веќе со часови имаат проблеми со објавувањето на статуси, линкови и фотографии на нивните профили, што предизвика големо негодување.

Проблемот е сериозен, па многумина тврдат дека поради ваквиот пропуст Фејсбук може да дојде до бизнис загуба и други последици.

– Постои проблем со објавување на вашиот статус. Ве молиме обидете се повторно за неколку минути, гласи порака која им „се појавува“ на некои корисници при секој обид за објавување статус, поради што Фејсбук страницата за поплаки е преполна со лути коментари.

– Целосно сум блокиран, а администрирам неколку различни страници. Изгубив еден цел работен ден и ништо не сте решиле. Ве молам, решете го тоа. Денес требаше да имаме акција по пат на Фејсбук, но сега не можеме на корисниците да им јавиме зошто нема да се одржи. Веќе шест дена не можам ништо да споделам на мојот ѕид,  а сега веќе не можам ни ништо да објавам, се само некои од незадоволните коментари.

Фејсбук се уште не се огласи за поплаките.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.