Следи нѐ
To Top

На EXIT доаѓа легендарниот Џорџ Клинтон со Parliament-Funkadelic!

Џорџ Клинтон, иконата на фанк музиката и еден од највлијателните музичари на сите времиња, ќе настапи на 8 јули во петок на главната бина и тоа во придружба на својот славен бенд Parliament-Funkadelic!

Тоа ќе биде настап на музичарите кои уште во 1997 година беа примени во Рокенрол куќата на славните, во која ги воведе токму Prince (Принц) – најпознатиот штитеник на Clinton! Д-р Фанкенштајн, како што често го нарекуваат Clinton, на Exit (Егзит) ќе ги претстави некои од најголемите хитови на фанк музиката, како што е и „Atomic Dog“, големиот хит и првопласираниот на светските топ листи, воедно и една од најсемплуваните песни во хип-хоп музиката, благодарение на која беше лансирана и кариерата на Snoop Dogg (Снуп Дог)!

Clinton имаше немерливо влијание врз хип-хоп сцената соработувајќи и продуцирајќи заедно со најголемите имиња на овој жанр како што се Kendrick Lamar (Кендрик Ламар), Ice Cube (Ајс Кјуб), Jay Z (Џеј Зи), Dr. Dre (Д-р Дре), 2Pac (ТуПак), Notorious B.I.G (Ноториус БИГ), 50 Cent (Фифти Сент) и многу други. Докторот на фанкот како инспирација го наведуваат и други најголеми музичари како што се од прв ранг Prince, Daft Punk (Дафт Панк) и Red Hot Chili Peppers (Ред Хот Чили Пеперс).

No Sleep Barcelona: На EXIT доаѓа и легендарниот Nitsa клуб

Nitsa (Нитса), еден од најубавите клубови во Европа, лоциран во легендарната, театарска Сала Аполо во Барселона, ќе ја спроведе овогодишната програма на No Sleep Novi Sad (Ноу Слип Нови Сад) бината на EXIT фестивал во четврток, 7 јули! Звукот на еден од градовите кои не спијат 365 дена годишно, на Петроварадинската тврдина ќе ги доведе Rebolledo (Реболедо), The Hacker (Д Хакер), DJ Fra (Диџеј Фра), Tijana T (Тијана Ти) и Klaus (Клаус)!

Загревањето за овогодишниот EXIT во шпанската метропола ќе почне веќе од 20 мај кога клубот Nitsa пред да гостува на Exit ќе биде домаќин на големата No Sleep Barcelona (Ноу Слип Барселона) журка! Еден од водечките европски клубови, со повеќе од три децении традиција во центарот на светски прочуениот ноќен живот на Барселона, ќе го најави овогодишниот EXIT со журката на која во живо ќе настапат американскиот продуцент DeepChord (ДипКорд), легендата на Барселона DJ Fra и сѐ повеќе популарниот шпански диџеј Angel Molina (Ејнџел Молина).

Еднодневните влезници за EXIT по подарок цена во продажба од петок!

Еднодневните влезници за фестивалски ден по сопствен избор и по подарок цена од само 1550 денари за четврток, петок и сабота и 1680 денари за недела, ќе бидат во продажба од петок, 20 мај! Количините на еднодневните влезници по овие цени се многу ограничени и ќе бидат достапни прекуwww.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

Во тек е и омилената акција на EXIT фановите со која друштвото кое заедно ќе купи четири четиридневни влезници за EXIT, тридневни за Sea Dance или за целата EXIT Аавантура, петта влезница добиваат на подарок! Влезницитеза Exit и Sea Dance  се продаваат по цена од 3850 денари, односно 2540 денари, додека целата Exit Авантура чини само 4250 денари. Преку сајтот exittrip.org се продаваат и туристичките аранжмани кои содржат влезници и сместување.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

error: Содржината е заштитена со авторски права.