Следи нѐ
To Top

Достоинство или илузија?

Достоинство, горделивост или илузија ? Што е што и зошто ги изместуваме нивните значења, зошто создаваме илузија дека достоинствените луѓе се силни, недопирливи и над секоја ситуација?

Градејќи цврсти граници околу себе, под изговор дека тоа е одбранбен механизам од агресивната околина, луѓето со таква илузија за достоинство се далеку поранливи отколку што се и самите свесни за тоа. Затоа и градат sидови, за да се заштитат од покажување на слабост при било каков конфликт. Тие во духовната ранливост гледаат туѓа но и сопствена слабост затоа што предрасудите ги „дресирале“ да ги делат емоциите на дозволени и недозволени.

Плачењето е резервирано за понежниот пол, извинувањето за ниските родови, простувањето за еднорози или „рогоњи“, а признавањето на сопствената грешка – утопија и ништо од ова не е доволно достоинствено. Каква заблуда , илузија, гордост и предрасуда! Недопирливите се умислени дека се совршени и во своите грешки и гревови, но кој тоа да им го каже кога арогантно одбиваат совет или критика. Ако ги прекршиш нивните правила на игра, веднаш ќе те елиминираат и заменат со друг играч кој ќе мора да игра како му свират, по туѓ неавтентичен такт. Нивните принципи, критериуми и стандарди кои им ги наметнуваат на другите, најчесто и самите не ги владеат, тие воопшто не знаат за шега, што им импонира, оти се умислени дека смислата за хумор е за ниските родови, за недостоинствените.

А љубовта, каде е љубовта, таа не знае за достоинство? Љубовта е за автентичните емотивци, не е за горделивите, нив им треба почит и лојалност, кој да се занимава со недефинирани емоции како љубов или креативност… Создавајќи страв и стравопочит во својата околина ,заради поставување високи стандарди и невозможност за спонтана комуникација, создаваат sид кој полека но сигурно ги разделува со светот на здравите емоции. Здравото самопочитување прифаќа несовршености, ранливости, човечки , а не божествени особини – само Бог е совршен. Многу повеќе ни треба сила да се прикажеме во својата автентичност, отколку да градиме идеализирана маска за себе.

Надминувањето на стравот од сопствената несовршеност ја отвора портата на љубовта, а само љубовта оплеменува и усовршува… Исполнети со љубов и почит кон животот, строги кон себе, а попустливи кон остатокот од светот, добронамерни во својата принципиелност но остри кон туѓите лоши намери, умерени во се , а правични пред правдата и законот затоа што „Држава без правда е обична разбојничка банда “ – Св. Августин .

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќмај 22, 2016
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќмај 22, 2016
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќмај 22, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.