//
Следи нѐ
To Top

Почина легендарниот актер Бата Живојиновиќ

Легендарниот актер Велимир Бата Живојиновиќ почина синоќа во 22:45 часот по локално време во болницата „Свети Сава“ во Белград, објави „Вечерње новости“.

Пред велигденските и првомајските празници, здравјето на Бата Живојиновиќ наеднаш се влошило, пишува „Новости“. Во болницата „Свети Сава“ лекарите по тешкиот мозочен удар пред четири години му помогнаа да закрепне и по рехабилитацијата на бања, одлучија да го пуштат на домашна нега.

реклама

Бата Живојиновиќ е роден во Корачица под Космаја на 5 јуни 1933 година. Во неговата кариера одигра повеќе од 300 улоги на филм, театар и телевизија од кои многу се антологиски, а неговите филмови ги гледале повеќе од десет илјади гледачи, со што не можат да се пофалат ни холивудските легенди.

Да бил убав актер, вели тој, „не би заработил ниту за леб“, па на таа „карта“ никогаш не играл. Беше „црец и жена со превез“, затоа што не бираше филмови и не одбиваше улоги, ниту им дозволуваше на дублери да го заменат.

Два пати е одбиен на Академијата, а филмскиото деби ги оствари во „Песните од Кумбара“ (1955, режисер Радоша Новаковиќ) по кој се нижеа улогите на Милош Бојаниќ, Мирта, Булиџ…со кои ги убеди режисерите дека филм без него нема да помине.

Во текот на 60-те години од минатиот век со филмовите како „Козара“ (за кој награден е во Пула) и „Битката на Неретва“ се устоличи како една од најголемите ѕвезди на кинематографијата на поранешна Југославија, но зенитот на неговата популарност дојде во текот на 70-те години со филмовите со тематика од Втората светска војна. Со „Валтер го брани Сараево“ постигна голем успех во Кина каде се уште и ѕвезда.

Во текот на 80-тите Живојиновиќ парадираше со неговиот имиџ на акционен херој во улоги во лесни комедии.

По повод 55-години од уметничката работа и 77-от роденден доделено му е најголемото признание на Југословенката кинотека – Златен печат.

Во последните две децени од почетокот на повеќепартискиот живот во Србија, неколку пати беше избран за пратеник на Народното Собрание на Србија како челн на СПС.

Живојиновиќ беше иницијатор и основач на Здружението на филмски актери во Србија, а исто така и директор на филмскиот програма на Слободарските свечености во Сопот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: