Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Се подготвува новиот летен хит на Тајзи и Спејко

МК Сцена

Се подготвува новиот летен хит на Тајзи и Спејко

Тајзи и победникот на „Велики Брат“ Дарко Спејко го најавуваат балканскиот хит за ова лето  „Палимо“.

Спотот се снимаше во Хрватска поточно во Сплит, Омиш и Макарска.

Во видеото се појавуваат и девојките од денс групата „Клик“(clique), има прекрасни живописни локации од хрватското приморје, а она што може да се издвои е автомобилот „Шевролет Импала“ кој го возеа за време на снимањето,а тоа е всушност автомобилот на Јосип Броз Тито.

Како специјални гости во спотот ќе ги видиме и ѕвездите од шоуто „Велики брат“,  Ервин и Мирјана.

Песната е во весел летен ритам и е  дел од вториот албум на Тајзи кој ќе излезе оваа година. Продукцијата е  на Лазар Цветковски, додека текстот е на Тајзи, но за првпат можеме да чуеме нешто од него на друг јазик, односно на српско-хрватски.

Летово ќе има уште две нови песни и видеа и со тоа Tајзи ни најавува албум,а заедно со Дарко ја најавуваат летната балканска турнеја.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.