Поврзи се со нас

Популарно.мк

Адел го заборави текстот на „A Million Years Ago“ сред настап (ВИДЕО)

Сцена

Адел го заборави текстот на „A Million Years Ago“ сред настап (ВИДЕО)

Светски познатата Адел на својата европска турнеја често прави изненадувачки и неочекувани потези за нејзините фанови, објави Танјуг.

Така, и на концертот во Лисабон, кога пејачката го заборави текстот на песната, и кажа „лоши зборови“ пред илјадници луѓе.

Таа, на почетокот на втората строфа на големиот хит „A Million Years Ago“ целосно го заборави текстот, по што ја прекина песната и одлучи да почне да ја пее од почеток.

Фановите, како и обично, овој потег го проследија со овации.

 

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.