Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Мегахитот „Бонбон“ ќе ечи на Skopje Calling!

МК Сцена

Мегахитот „Бонбон“ ќе ечи на Skopje Calling!

Последната голема светска музичка сензација, Ера Истрефи, која во изминативе неколку месеци својата светска популарност ја доживеа со мегахитот „Бонбон“ (речиси 55 милиони прегледи на Јутјуб), што резултираше со потпис на најголемиот музички лејбел Ultra Music, ќе биде специјална гостинка на првото издание на Skopje Calling, на кој ќе настапат ултимативниот хитмејкер Дејвид Гета и германскиот суперстар диџеј Робин Шулц.

Мегапопуларната Ера Истрефи за прв пат ќе настапи пред македонската публика. Нејзиниот настап е предвиден пред оној на Робин Шулц.

Најголемото музичко шоу ова лето ќе се одржи точно за една недела, на 5-ти јуни, во Националната арена „Филип Втори“.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.