Поврзи се со нас

Популарно.мк

Новиот албум на ДНК достапен во сите светски познати онлајн продавници

МК Сцена

Новиот албум на ДНК достапен во сите светски познати онлајн продавници

Панчо и Андреј, од популарното македонско R’n’B дуо, ДНК, станаа првите македонски артисти кои направија дигитална дистрибуција на својот албум во над 30 онлајн продавници ширум светот.

ДНК неодамна го промовираа својот најнов албум „Уште еден ден“ пред македонската јавност, а со достапноста на својот нов албум на најпознатите светски дигитални музички продавници, тие направија нешто кое досега на ниеден друг наш музичар или бенд не им успеало.

– „По промовирањето на албумот веднаш добивме барања за истиот да го закачиме на интернет со цел тој да биде достапен на секого во светот. Бидејќи навистина сме благодарни на Македонците кои што живеат во дијаспората, решивме „Уште еден ден“ да го ставиме на најпопуларните водечки светски онлајн продавници како што се: iTunes, Amazon, Google Play, Spotify, Juno, Deezer и други. Ова секако не е наменето само за нашите фанови од соседството и подалеку, туку и за сите оние кои ги следат трендовите и музиката ја преземаат дигитално. За оваа шанса, прва во нашата држава од ваков вид, „виновни“ се Оnair Media,“ изјави Панчо, член на македонско R’n’B дуо, ДНК.

По официјалната промоција на албумот „Уште еден ден“ која помина во друштво на голем број на познати лица од македонската естрада, ДНК летово планираат настапи ширум Македонија, но и во соседството.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.