Следи нѐ
To Top

„ФИЛИП ВТОРИ“ ГОРЕШЕ: Дејвид Гета го дигна Скопје на нозе! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје повика на журка – публиката покажа дека знае светски да се забавува!

Гужвата и блокираните улици во градскиот парк со автомобили и автобуси од цела Македонија, но и соседните земји, само наговестуваа за шоуто кое ги очекуваше присутните во арената „Филип Втори“ во Скопје, за првото издание на фестивалот „Скопје колинг“.

За стартот на вечерта, диџеј пултот припадна на германскиот продуцент Робин Шулц кој во неверојатен 90-минутен музички сет беше само искра за лудилото кое следуваше.

DSC_8466

Точно на полноќ, како што беше најавено и од страна на организаторите, се слушна – „Скопје, дали сте подготвени?“, по што на сцената се појави единсвениот Дејвид Гета. И забавата почна – се редеа големите хитови „Play Hard“, „Titanium“, „Lovers On The Sun“ и многу други светски познати песни и соработки со светските ѕвезди како Ријана, Ники Минаж, Сиа и др.

DSC_8891

Неверојатен беше погледот да се види 15.000 присутна публика на „Филип Втори“ како заеднички игра и скока на ритамот на Гета.

Дејвид се врати на бис со ултимативниот хит на сите времиња „Without You“ и вети повторна средба со, како што рече, неверојатната македонска публика.

Неговиот диџејски сет невообичаено траеше 90 минути, по што на сцената се појави Ера Истрефи, која од Косово допатува само за да изведе една песна – нејзиниот единствен хит „Bonbon“, и потоа ја напушти сцената.

Журката продолжи до раните утрински часови со музички сетови на македонски диџеи.

DSC_8300

Авалон продукција уште еднаш се докажа во организирањето на светски концерти во Македонија со врвна музичка и сценска продукција, а нивното работно концертно лето продолжува и со концертите на Џон Њуман и Енрике Инглесиас на крајот на месец јуни.

Погледнете ја атмосферата од првиот „Скопје колинг“ фестивал низ објективот на нашиот фоторепортер Атанас Стојановски.

<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.